Реакции од странските амбасади по насилниот протест во Албанија

По насилниот протест на опозицијата во Албанија, реагираа и странските амбасади во оваа земја кои постојано повикуваат на мирни протести без насилство. Во реакцијата на американската амбасада се вели дека : “Целта на опозицијата да ја направи демократијата во Албанија посилна, е спротивна на насилството кое го вршат демонстрантите. Насилството е недемократско и треба да прекине. Првите луѓе на протестот треба да повикаат на смирување на демонстрантите“.

Реакција дојде и од ЕУ од каде апелираат демонстрантите и нивните политички лидери да покажат одговорност и воздржаност.

„Мирните протести се суштинска вредност на една европска современа демократија. Насилството не може да се толерира во никакви околности. Имајќи ги предвид најавените протести за наредните денови во Тирана, делегацијата на ЕУ апелира демонстрантите и нивните политички лидери да покажат одговорност и воздржаност. Различните политички гледишта треба да се третираат преку дебата и дијалог“ – стои во реакцијата на амбасадата на ЕУ.

Исто така реагираше и Британската амбасада од каде апелираат страните да покажат почит за владеењето на законот.  Во својата реакција, ОБСЕ истакнува дека организаторите на насилните протести треба да сносат политичка одговорност за насилството извршено од страна на некои нивни поддржувачи.