РКЕ најави голема измена: Нова цена на бензинот и дизелот

0
199

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска ќе одржи подготвителна седница.

На подготвителната седница на РКЕ ќе се разгледува Предлог-текст на правила за пазар на природен гас.

Новите цени на горивата од вторник граѓаните ќе ги дознаваат на бензиските пумпи. Нејзиниот мандат за утврдување на цените на дериватите истекува во понеделник на полноќ кога истекува договорот со ОКТА според кој функционираше старата методологија за утврдување на цената.

Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека добиле уверување од трговците дека нема да се создаде ценовен шок и ќе се следат цените на светскиот пазар.

Цената на горивата, според новата методологија, ќе се пресметува според движењето на цените на светските берзи и средниот курс на доларот, а во пресметката ќе бидат вклучени и трошоците на трговците за набавка, складирање и транспорт. Дополнително ќе се одреди и маржа за профит на трговците, но според регулаторите заработувачката ќе мора да биде разумна./Плусинфо