Скопје – Белград за три часа, вечерва ќе се пушта нов автопат

0
98

Премиерот Зоран Заев заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска ќе присуствуваат на свеченото отварање на јужниот крак на Коридорот 10, на делницата низ Грделичката клисура во Србија. На церемонијата по повод пуштањето во употреба на автопатот која ќе започне 20 часот, свое обраќање ќе има претседателот на Србија, Александар Вучиќ и македонскиот премиер Заев.

Со овој проект кој се заврши за околу 5 години, од македонската граница до Белград ќе се патува за околу 3 часа.