Страшно невреме во Србија

0
123

Прогнозите на метеоролозите се остваруваат и најавеното невреме за вечерва и ноќта почна во одделни делови на Србија, јавуваат српските медиуми.Во Ивањица град паѓал околу дваесетина минути, а силни врнежи и град со големина на лешници околу 19 часот го погодиле Чачак и направиле штета во околните села

Невреме со град имало и во Љиг и во Зрењанин.

Град паѓал и во централните делови на Белград, а во главниот град на Србија сѐ уште трае исклучително силно невреме со дожд и град./ мкд.мк