Тетовска брза помош – пациенти постојано не напаѓаат не можеме секогаш да ги опслужиме навреме.

0
493

 

Во тетовската брза помош на смена дежураат само по двајца лекари, кои треба да опслужат регион каде живеат околу 300 000 граѓани. Едниот лекар дежура во амбуланта и практично само еден оди на терен и одговара на итните случаи. Началникот на брзата помош од Тетово Африм Алиу, вели дека се случува во исто време да имаат по неколку повици, во рамки на нашите можности гледаме секаде да стигнеме навреме, но некогаш тој признава дека се доцни. Проблемот може да се реши само со вработување на повеќе доктори и друг медицински персонал.

-Се на се тука сме вработени десет лекари и по двајца од нив дежураат во четири смени. Не може да се постигне. Барам лично од министерот да се вработат повеќе доктори, техничари, болничари и друго, затоа што не можеме да постигнеме, се работи за голем регион од Јажинце до Пирок со растојание од околу 50 километри каде има околу 300 000 жители. Само така може да се надмине овој долгогодишен проблем.

Недостигот на кадар има создава дополнителни маки, кои ги трпат самите вработени во тетовската брза помош., Тие постојано се изложени на секаков вид напади од страна на пациентите, доколку не стигнат за кратко време на местото каде биле повикани.

Таков беше и последниот кога 31 годишен жител од тетовско Желино револтот за смртта на својот татко го истурил врз возачот на тетовската брза помош. Екипата била повикана да интервенира, таа се упатила кон селото, но во меѓувреме пациентот починал. Неговиот син бесот го истурил врз возачот кој и физички го нападнал со тупаници и клоци по главата и телото.

-Пациентите не бараат за да им помогнеме но тие напаѓаат. Сами треба да бидат свесни дека нема доволно доктори и се работи за голем регион, истакна доктор Алиу.

Од тетовската брза помош додаваат дека дополнителен проблем им создава тоа што тие интервенираат и амбулантски со над 150 прегледи во текот на една ноќ.
Ваквите интервенции не ни се наша обврска, но мора да се помага на пациентите кои се обраќаат кај нас, затоа што матичните лекари навечер не работаат, вели Алиу