Тетовци му го најдоа чарето и на единствениот парк во Тетово

0
277

Сите реквизити се веќе уништени во единствениот парк во Тетово во близина на спортскиот центар познат како Жена парк.

Деновиве може да се забележи дека речиси сите реквизити се остранети или искршени од несовесни граѓани во жена паркот.Во уште полоша состојба се наоѓа и скејт паркот наспроти автобуската станица.Таму пак дури и клупите за седење но и циглите од кои е изградена рампата се откорнати и искршени.

Скејт паркот беше изграден минатата година со помош на невладините организации. Жена паркот пак беше реконструиран од Општина Тетово пред околу 3 години,откако подолг период ова место се користеше за разни девијации. Но сега и двете меѓу ретките слободни зелени површини во градот кои служат како места за одмор и рекреација се во ужасна состојба.

Од Општина Тетово велат дека се она што деновиве било демолирано ќе се санира и во тек се активностите истото да се заврши во најкраток можен рок

Што се однесува до Скејт паркот, во текот на летово ќе бидат обележани терени за “уличен баскет”, но и други реквизити за спортски активности на младите во Тетово, додадоа општинските власти