Во Тетово расечени двајца малолетници, во Врапчиште жена завршила на скопски клиники по напад од кучиња скитници

0
182

 

Вчера околу 13 часот и 15 минути, во Секторот за внатрешни работи Тетово пријавено е дека во тетовската клиничка болница биле донесени А.И.( 18 ) и 17-годишник, двајцата од тетовското село Пирок, со исеченици нанесени со остар предмет.

Според нивното кажување, повредите ги задобиле во физичка пресметка со други малолетни лица, која околу 12 часот и 45 минути се случила на крстосницата на улиците „Борис Кидрич“ и „Благоја Тоска“ во Тетово.

Извршен е увид, идентификувани се сите учесници во пресметката, додека А.И. и 17-годишникот, по укажаната помош, пуштени се на домашно лекување.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Триесет и четиригодишната М.Х. од гостиварското село Врапчиште,  пријавила дека утрото околу 8 часот и 30 минути, во близина на семејната куќа била нападната од повеќе кучиња-скитници, кои и нанесле повреди на двете нозе.
По укажаната лекарска помош во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, таа била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.