Хамилтон ја прослави победата во Монако со скокање во базен

0

Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, постигна емоционална победа на Големата награда на Монако, а потоа ја прослави својата победа со назадечко рипање во базен,објави МКД.МК.

Хамилтон ја освои трката полна со настани во Монте Карло, откако го претрка веќе казнетиот Макс Верстапен.

Откако ги прими своите трофеи и уживаше во радосните восклици на толпата, Хамилтон одлучи дека е време да се брцне во базенот.