Хуавеј поднесе барање американската забрана да се прогласи за „неуставна“

0
254

Кинескиот технолошки гигант Хуавеј поднесе барање до судот во Тексас за поништување на забраната на нивните производи, тврдејќи дека Законот за национално овластување за одбрана (НДАА) од 2019 година незаконски ја таргетира компанијата, објави мкд.мк.

НДАА, користен од администрацијата на Доналд Трамп за да ја забрани технологијата на Хуавеј да се натпреварува на американскиот пазар, директно е насочена кон кинеската компанија за телекомуникациска опрема „без можност да се побие или одбегне“, рече Сонг Лиупинг, главниот правник на фирмата, пред да го поднесе барањето во вторникот.

„Законот не им дава можност на Хуавеј да ги побијат обвинувањата, да презентираат докази во своја одбрана или да искористат други постапки што непристрасни судии ги обезбедуваат за да се обезбеди фер потрага по вистината“, рече Лиупинг.

Барањето за брза пресуда поднесена од страна на технолошкиот гигант со Источниот окружен суд во Тексас бара судијата да одлучи за ново воведените рестрикции за производите на Хуавеј без да се спроведе целосно судење. Уште во март, Хуавеј ги тужеше САД поради клаузулата од НДАА (актот 889) кој на владините агенции им забранува да набават телекомуникациски хардвер произведен од кинеската фирма. Судот ја закажа расправата на која ќе ги разгледа барањата на Хуавеј на 19 септември.

Компанијата тврди дека забраната е неуставна бидејќи Вашингтон во текстот посебно издвојува две кинески фирми ЗТЕ и Хуавеј. Таа тврди дека НДАА е дел од кампањата на администрацијата на Трамп за политички и економски притисок врз Кина, со цел да им даде на американските компании нелправедна конкурентска предност./мкд.мк/