Јанева: Барањето за мое разрешување нема основа-повторно ќе конкурирам

0
83

Додека можам да бидам специјален јавен обвинител ќе останам до крај, не поради тоа што сакам, туку затоа што сметам дека заслужувам да бидам на чело на оваа институција, рече денеска Катица Јанева одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на денешниот панел „Реформски бенч-мракови. Дали имаме реформи и зошто не?

Јанева не сакаше да го коментира прашањето дали е потребна лидерска средба за да се најде решение за законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши идниот стстус на СЈО.

Според Јанева, барањето на ВМРО-ДПМНЕ за нејзино разрешување од функцијата во СЈО е политичка изјава која, како што рече, „ниту држи вода, ниту е на место и нема основа“.

-Мене не може да ме сменат, затоа што во законот нема персонални решенија. Се знае што се пишува во закон, ако сме писмени во Македонија за да сфатиме дека тоа не се пишува во закон, рече Јанева.

Таа истакна дека согласно Законот за СЈО мандатот и истекува во септември, додавајќи дека доколку сега се донесе нов закон не и истекува мандатот на 15 септември.

-Ако моето место оди на реизбор, тогаш тоа е нормална работа што е демократско право во секоја држава, нагласи Јанева  и додаде дека повторно ќе конкурира да биде специјален јавен обвинител.

Законот за ЈО и натаму е блокиран. Главните разлики се идниот статус и функционирање на СЈО, судбината на постапките кои веќе се почнати и употребата на доказите, односно двете страни најмногу спорат за членот 105 од законот што го регулира продолжувањето на постапките и судбината на доказите од прислушкуваните разговори.

Од Министерството за правда вчера за МИА изјавија дека чекаат сигнали од ВМРО-ДПМНЕ за промена на ставот и повлекување на нивното барање за амнестија преку законски одредби.

И на последната средба меѓу преговарачките тимови на власта и опозициската ВМРО-ДПМНЕ за законот за јавно обвинителство, со кој треба да се реши идниот статус на Специјалното јавно обвинителство, немаше никакво поместување во делот на разговорите.

За Министерството за правда не е прифатливо внесување на одредба во законот што ќе значи скриена амнестија.

Договорот за овој закон е еден од условите за добивање позитивен извештај на Европската комисија