5 лица загинаа во страшна сообраќајка во Драчево – Рено удри во камион за смет

0
185

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа која рано утрово се случила во близина на бензинската пумпа на влезот на населбата Драчево во Скопје, неофицијално дознава Press24. Според се уште непотврдени информации, три лица починале на лице место а уште две им подлегнале на повредите на скопските клиники. Неофицијално меѓу загинатите има и малолетно девојче.

Несреќата дошпа кога мал автомобил Рено 5 во се уште неутврдени околности директно се судрил со камион за собирање на смет кој веројатно се движел кон депонијата Дрисла.

Очевидци тврдат дека Реното се движело со поголема брзина при што изгубило контрола и директно удрило во камионот за смет. Што точно се случило ќе утврди истрагата. Голем број вештаци вечерва беа на терен и собираа докази. Три возила на погребално претпријатие дојдоа да ги однесат телата на починатите.

Од МВР се уште нема официјална потврда за информациите. Тие се најавуваат во текот на денот.