Југохром на продажба

0
210

Првиот човек на синдикатот Бајрам Амити, потврди дека компанија го откажала кредитот од 1,5 милиони евра од Македонската банка за подршка и развој за дозиградба на филтер станицата што е основен услов фабриката да продолжи со работа. Поради ваквата одлука на комбинатот можни се две опции, од кои едната е продажба, вели Амити -Можно е Југохром да се продаде или пак филтер станицата на Југохром која е услов комбинатот да продолжи со работа можно е да продолжи да се гради со средства на компанијата.

Вработените досега имаа надеж дека Југохром ќе проработи, откако со помош на владата Македонската банка за подршка и развој едвај го одобри кредитот. Досега е поставен само бетонски фундамент и челична конструкција на филтер станицата и вложено е околу 1 милион евра за изградба на системот за отпрашување. Со парите од кредиот филтрите требаше според најавите да бидат доизградени оваа пролет, и на работа требаше да се вратат 600 работници. Но, на поранешните вработени веќе им згаснува надешта за рестартирање на компанијатa.

Голем дел од нив се без работа, затоа што за овој дел од тетовско Југохром е едиснтвената егзситенција, ако се земе во предвид фактот дека тука во Општина Јегуновце нема индустрија, а од земјоделието народот се откажува, затоа што тоа што го произведуваат на нивите, на крај нема каде да го пласираат. На Југохром пред две ипол години му се одзеде дозволата за работа од страна на инспекторатот за животна средина поради неисполнуавње на еколошките услови за работа, односно работа без филтер станица./ glas.mk