Ќе ја браниме Албанија како наша татковина: Македонец се обрати во албанскиот парламент

0
103

Горд сум што сум пратеник во Собранието на Република Албанија, за првпат во нејзината историја, од регистрирана Македонска партија. И досега многу Македонци ги имало и ги има во институциите на системот, рече во своето прво обраќање во албанскиот Парламент Васил Стерјовски, кој со давањето заклетва од денеска е дел од Законодавниот дом.

Имам историска должност да Ви пренесам поздрави од Македонците, кои се лојални државјани на Република Албанија, бидејќи таа е и нивна матична држава. Во Албанија сме родени, во Албанија живееме, во Албанија работиме, како албански државјани заедно ќе се грижиме и ќе ја браниме Република Албанија како наша заедничка татковина и нејзините интеграции во Европската Унија, потпирајќи се на стратешкото партнерство со САД. Имаме прекрасна држава на која треба сите да и се радуваме, Господ и природата се ни дале, рече Стерјовски.

Тој пренесе поздрави од Македонците во Албанија, кои, како што посочи се лојални граѓани на оваа држава.