Европската Комисија препорача започнување на преговорите со Македонија

0
195

Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) препорача веднаш да почнат преговори со Северна Македонија и Албанија.

Хан земјава ја нарече „светол пример“ за другите земји.

-Северна Македонија и Албанија продолжија со реформите, а Северна Македонија исто така постигна решение за долгогодишниот спор со Грција, но и Договор за добрососедство, што е светол пример за другите земји, бидејќи двете земји напреднале со реформите, Европската комисија бара да почнат преговорите за зачленување, истакна Хан.