Колега  згазил свој колега вработени во јавното комунално претпријатие од Боговиње

0
205

Колега  згазил свој колега вработен во јавното комунално претпријатие од Боговиње. Несреќата се случила додека биле на работа. Сега веќе починатиот комунален работник бил згазен со службен камион. Страшната сообраќајка се случила кај тетовски Пирок

-Денеска ( 20 мај ) околу 11 часот и 30 минути, во Секторот за внатрешни работи Тетово пријавена е сообраќајна несреќа со смртни последици, која се случила на локалниот пат во тетовското село Пирок. Товарно моторно возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски таблици, сопственост на Јавното комунално претпријатие „Шари“ од Боговиње, што го управувал 55-годишниот А.Ф. од Боговиње, движејќи се наназад, удрило во 40-годишниот О.М. од истото село, вработен во ЈКП„Шари“. Од удирањето, О.М. задобил тешки телесни повреди од кои починал на самото место.

 

Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле комплетен увид.Се преземаат мерки за целосно расчистување на сите поединости поврзани со оваа несреќа.