Ма иди у п…у матер“,ваков одговор доби новинар од советник од ДУИ кој е инвеститор на дивоградба

0
231

 

 

„Мамицата да ти ја е..м! Ма иди во п…у матер. Која дивоградба п…..“, ова се зборовите на советникот на ДУИ Нефи Усеини упатени кон новинарот на А1он.мк кој сакал да го запраша околу продолжувањето со градежните активности на негов објект летна тераса во заштитената зона на Охрид и покрај решението за уривање.

Се работи за објект на плоштадот кај Чинарот кој започна да се гради на 9 март. Пред околу два месеци било донесено решение за уривање, со рок од 10 дена инвеститорот тоа сам да си го направи. Но инвеститорот и советник од ДУИ Нефи Усеини, по завршувањето на локалните избори кои се одржаа во Охрид заедно со претседателските, продолжил со градежните работи на летната тераса.

Актуелниот градоначалник Константин Георгиевски пред изборите најави дека напрвин треба да се избере фирма за уривање на дивоградби и потоа ќе се урне дивоградбата или поконкренто летната тераса на советникот. Тендерот не е распишан, а градежните активности продолжуваат, а во меѓувреме новинарите добиваат дури и вербални напади додека ја извршуваат својата работа.

Советникот Усеини во предизборието беше пријавен во полиција од инспектор од Скопје за попречување на инспекцискиот надзор на неговата дивоградба во заштитеното јадро на Охрид. Но Усеини засега не се гони иако гради на диво и напаѓа луѓе кои си ги извршуваат своите работни обврски

„Испративме известување до ОЈО со кое го запознавме за настанот како и изјавите на двете страни. Обвинителството ќе треба да утврди дали постои одговорност и дали ќе го гони Усеини“, изјавија од СВР Охрид.