Обезбедени 30 милиони евра за откупно – дистрибутивни и преработувачки центри

0
200

 

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратенички прашања се пофали дека со неговиот тим успеале да се обезбедат 30 милиони евра од Светска банка за отворање на откупно – дистрибутивни и преработувачки центри

-Откупно – дистрибутивните и преработувачките центри се многу важни. Ваков проект е почнат да се работи и тој проект јасно ја мапира реалната потреба каков тип на преработувачки капацитети и на откупни и дистрибутивни капацитети се потребни. Светска банка обезбеди 30 милиони евра да помогне во изведбата. Стартуваме ова лето со оваа програма, веруваме дека ќе максимaлизираме приноси на земјоделците, ако направиме и преработувачки капацитети и нови откупни дистрибутивни центри“, рече премиерот Заев,