По забелешките од УНЕСКО во Охрид се отстрануваат палмите

0
224

Во Охрид денес започна отстранувањето на палмите кои кои од пред неколку години беа засадени на различни локации во рамки на акцијата Ден на дрвото

До ова доаѓа по објавениот извештај на мисијата УНЕСКО во кои беа нотирани проблеми кои се закануваат Охридскиот регион да го стават на листа на загрозени подрачја.

“Се работи за неавтохтони видови, кои ќе бидат заменети со соодветни, информира градоналникот на Охрид Константин Георгиески на пресс конференција што се одржа денеска.

Тој најави дека во рок од 30 дена општината ќе изготви регистар на нелегални градби, кои од УНЕСКО се нотирани како еден од најголемите проблеми.

„ Потребна ни е и законска рамка за мораториум за градба на крајбрежјето. Сѐ уште немаме законска основа за една таква одлука Потребна е и изработка на детални урбанистички планови за старото градски јадро, но тоа не зависи само од Општината“, кажа Георгиески.