Со нож нападнат тетовец

0
212

 

Дваесет и едногодишниот тетовец Ј.Ј, вчеравечер ( 19 мај ) околу 22 часот пријавил дека на излегување од угостителски објект на улица „Јане Сандански“ во Тетово, каде претходно престојувал со неговиот другар С.М.( 19 ), исто така, од Тетово, физички бил нападнат од М.А.( 20 ), Ф.К.( 19 ) и К.Н.( 19 ) од тетовски Порој, со кои се знаел од порано.

Во нападот, М.А.( 20 ) со остар предмет, најверојатно со нож, на Ј.Ј. му нанесол убодна рана во левата надлактица, по што  Ј.Ј. успеал да се оддалечи од местото и да се обрати за лекарска помош во тетовската клиничка болница.

Тројцата пријавени, час и половина подоцна се самопријавиле во Полициската станица Тетово и  задржани се за натамошна постапка.

Извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.