Вака ќе изгледа вечното почивалиште на Тоше Проески

0

Oпштина Крушево избра идејно решение за уредување на гробот на Тоше Проески. Со тоа е откочена процедурата за изградба на достојно почивалиште на музичката ѕвезда, 12 години по неговата трагична смрт.

Следните фотографии го прикажуваат идејното решение од неколку агли, а „360 Степени“ ги објави откако ги добиле по барање упатено до општината.

Автор на идејното решение е Жарко Чаушевски, кој бил и единствениот пријавен на конкурсот. Истиот автор победи на конкурсот за уредување на гробот на Проески и пред неколку години, но таа идеја не се реализираше. Меѓу другото, затоа што објектот беше и поголем и поскап. Како што открија прислушуваните разговори, проектот бил и предмет на политички калкулации на тогашната власт на централно ниво.

Повеќе на „360 Степени“ на следниот линк.