ВИДЕО: Врховниот суд сака да спаси судии од истрагата за „Империја“, смета Фетаи

0
119

Овинителката Фатиме Фетаи во вечерашното интервју за 1 ТВ откри кој бил можниот мотив на Врховниот суд да донесе начелно правно мислење според кое СЈО не смее да води истраги и предистраги по 30 јуни 2017 година.

Нашиот став е јасен. Тој став на Врховниот суд е незаконит. Сепак таа одлука е како вода. Кај што ќе најде пат, поминува. Колку и да цениме дека ставот на Врховниот суд е незаконит, сепак тоа е највисоката судска инстанца. Оваа одлука може да произведе правно дејство кое ќе биде на наша штета. Затоа нема да дозволиме да ни изгорат предметите, рече Фетаи.

Таа зборуваше и за можниот мотив на врховните судии.

-Истрагата за Империја зафаќа период од 15 години, кој опфаќа и обвинителско-судски круг. Односно непостапување на обвинителството и тогашниот врв на судот. Затоа тука можат да се насетат дел од мотивите, дека СЈО не смее да гони по 30 јуни 2017 година, и тоа веќе во момент кога осомничените беа во притвор.