Гостиварка го снимала 30 години постариот љубовник па го уценувала

0
186

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против З.Р.(34) од село Ростуше поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,уцена“ и против Б.Ц.(37) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,помагање“ во врска со кривично ,,уцена“.

Во текот на јуни 2019 година првопријавената со телефонот на второпријавената направила фотографии и видео снимки од 65-годишно лице од Дебар со компромитирачка содржина.

По ова, таа му се заканувала дека, доколку не и даде пари, фотографиите и снимките ќе ги испратела до членовите на неговото семејство.