Наставничката од Трново руинираната училница ја претвори во бајка

Училницата во старото руинирано училиште во битолското село Трново, одделенската наставничка Ленче Илиевска, ја претворила во шарена бајка, објави apla.mk.

Со години небојадисаните, испукани ѕидови, се покриени со постери и апликации кои се во функција на воспитно-образовниот процес, а старите прозорци се украсени со завеси во разни бои, така што училницата е пријатно катче за шестте ученици од Трново и Магарево кои овде следат настава од прво до петто одделение. Подрачното училиште во Трново е дел од битолското основно училиште „Трифун Пановски“, а кретивната наставничка Ленче оваа бајка ја создала со сопствени средства, но и со поддршка од родителите.

DSC 1173

-Кога дојдов пред 9 години, училиштетот го затекнав во катастрофална состојба. Сликата беше морбидна и повеќе личеше на затвор. Одлучив да го променам амбиентот, но со оглед на состојбите во образованието, морав да се снаоѓам со финансиии, па поголем дел од работите ги купував и се уште ги купувам сама, ги изработувам дома и ги носам во училницата. Но, имам поддршка и од родителите, вели Илиевска.

DSC 1174

Таа постојано ја преуредува училницата и вели тоа го прави во зависност од годишното време.

DSC 1175

-Ако сега ја посетите училницата, во неа се чувствува пролет, додека пак во зима имаме зимски, а во есен есенски амбиент. Но, вложениот труд навистаина се исплати, затоа што тоа влијае врз децата, имаме подобра работна атмосфера, а тие се среќни. Исто така, имам многу нагледни средства што ги користам за реалзиација на часот. Тоа многу помага, вели креативната наставничака.

DSC 1176

Кога пред 9 години, дошла во училиштето во Трново, затаекнала тоалет надвор од објектот и покрив кој прокиснувал.

DSC 1181

-Во училиштетот немаше ниту тоалет, ниту вода. Но, во организација со родителите, со донации од нив и од мене, успеавме да го направиме тоалетот внатре во обектот, а се разбира беше донесена и вода. тоа го направив уште првата година, односно во 2010 година кога дојдов во ова училиште. Заедно со родителите, променивме и дел од покривот кој прокиснуваше, а јас ги обезбедив ќерамидите. Сега одлучив повеќе да не учествуваме на Велигденскиот панаѓур, а парите кои родителите од Трново и Магарево ги даваат за таа намена, ќе ги пренамениме за да се бојадиса училиштето, затоа што тоа со години не е направено. Училницата е маскирана, тоа не се гледа, но, ѕидовите се во ужасна состојба, има и влага, а ѕидот може да падне. Тоа мора да се санира, вели Илиевска.

DSC 1182

Неодмана по нејзина иницијатива воспоставила соработка со најголемото училиште од Малме, Шведска, а претствници од таму, го посетиле училиштето во Трново, го следеле настваниот процес и сега наставничката Илиевска, очекува донација за да се замени стариот и дотраен училишен мебел, во училиштетот во битолското село Трново. /Целиот текст и фотографии се преземени од apla.mk/

DSC 1184

DSC 1177

DSC 1185

DSC 1186