Законот за абортус стапи на сила, таблетите се уште не се регистрирани во земјава

0
1320

 

Прекин на бременоста со апче озаконета и во Македонија. Но засега тоа е само во писмена форма содржана во новиот закон за абортус кој стапи на сила пред 4 дена. Во пракса жените ќе можат да ја користат оваа можност откако медикаментозната терапија ќе биде регистрирана во земјата. Двата лека според здравствените власти ќе бидат достапни со законските измени кои биле во собраниска процедура.  Од невладината Хера велат дека абортусот со таблета е големо олеснување за женската популација.

-Ова е една нова метода препорачана и од Светската здравствена организација, една од најбезбедните методи во повеќе од 80 проценти од земјите во ЕУ, покрај што и се даваат опции на жената за безбеден пристап кон оваа интервенција, истата ќе и биде достапна и на примарно ниво, вели Елизабета Божиноска, програмски директор во ХЕРА

Прекин на бременоста со лекови до 9тата гестациска недела жените можат да направат и кај матичните гинеколози. Според ХЕРА со олеснувањата од новото законско решение ќе биде намален бројот на нелегални абортуси.

– Со новиот закон се нудат многу придобивки кои значајно ја унапредуваат репродуктивната слобода на жената и унапредување на нејзиното здравје. Очекуваме Министерството за здравство што поскоро да го донесе протоколот за безбеден абортус, вели Божиновска

Од утре ќе почне примената на новиот закон за абортус на Клиниката за Гинекологија. Нема веќе административни процедури и задолжително советување. До 12тата гестациска недела, секоја жена може да ја прекине бременоста само со писмено барање и тоа уште истиот ден а не како досега да чека 72 часа за да размисли дали абортусот и е конечна одлука. Сител.мк.