Почина еден од повредените полицајци по денешната сообраќајка на обиколница

0
194

Еден од полицајците кои беше повреден во сообраќајната незгода на скопска обиколница, им подлегна на повредите. Двајца полицајци беа пренесни во ургентен центар, но за жал, едниот почина.

Со тоа билансот на жртви од денешната сообраќајна незгода на обиколницата е две лица. Покрај полицаецот, почина и возачот на БМВ-то.

Според првичните информации, во миговите кога двајца полициски службеници сопреле возач на БМВ, на нив налетал камион. Возачот на БМВ-то починал на лице место, а возилото беше целосно изгорено.