Пронајден кокаин во Тетово при полициски претрес

0
220

 

При претрес на полиција вчера на ул.„Маршал Тито“ во Тетово во просториите во кои престојувал 40-годишник од Загреб, Република Хрватска, a со него биле затекнати и 25-годишник од Тетово и 28-годишник од с.Вруток, Гостиварско, пронајдена една најлонска кеса со кокаин, едно пластично шише од 0,5литри со непозната течност и други предмети со остатоци од кокаин. Лицата биле лишени од слобода и приведени во СВР Тетово, а по целосно документирање и расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полицијата регистрираше и тешка сообраќајна несреќа

Вчера во 16.55 часот на локалниот пат за село Сараќино, Тетовско, после мостот на реката Пена, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Пежо 307“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 42-годишник од с.Сараќино и патничко возило „Фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 53-годишник од с.Бојане, Скопско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил жителот на Бојане и со друго возило бил пренесен во Клиничката болница Тетово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово.