Професор во Државното музичко училиште во Тетово – Гласот на просветните работници се слуша ако се партиски подобни

Ајхан Куртов професор во Државното музичко училиште во Тетово, обвинува дека гласот и потребите на просветните работници надлежните го слушаат само ако се партиски подобни, објави Телма

Како доказ се посочува себе си. Тој 14 години патува од Скопје каде и живее, до своето работно место. Патот вели му одзема време, а со одлуката да ни се скратат патните трошоци едвај се егизистира.

Барал решение и помош од министерството за образование да биде префрлен во музичкото училиште во Скопје, но досега од ниту една владеачка гарнитура не добил никаков одговор.

Вели дека партиски послушници се префрлаат во други училишта за неколку години по нивното вработување.

Куртов посочи дека пред неколку месеци успеал да закаже состанок лично со министерот за образование и наука Арбер Адеми, но на истиот не бил повикан.

Министерот за образование Адеми, вели дека не е запознаен со случајот, иако неговите служби му закажале состанок со Куртов. .

Куртов предава пијано на основци и средношколци. Од управата на Државното музичко училишто во Тетово, велат дека тој е докажан во својата струка.

Но сепак за неговите барања нивното училиште нема надлежност да донесе одлука.

https://youtu.be/lgdhuIuhvOY?t=2