( Видео) Катастрофални условите во затворите, полициските станици и во прифатните центри

0
196

Васка Бајрамовска-Мустафа, заменик народен правобранител, денеска го презентираше извештајот на Народниот правобранител – Национален превентивен механизам (НПМ) за 2018 година.

„Во оваа смисла, уште еднаш ги потсетуваме надлежните органи дека тортурата е сериозно прекршување на фундаменталните човекови права и закана за демократските принципи и вредности во секое општество, поради што и заложбите за борба против тортурата и нулта толеранција во случај на нејзино постоење не смее да бидат само од декларативен карактер. Оттука, преземањето на мерки и активности за навремено отстранување на идентификуваните ризици што може да доведат до тортура и друг вид сурово и нечовечко или понижувачко постапување или казнување во местата на лишување од слобода и задржување не може и не смее да трпи одложување, особено не со образложение дека државата нема обезбедено доволно финансиски средства“, се подвлекува во извештајот.

„Констатацијата е дека состојбите и натаму во голема мера остануваат непроменети, што впрочем беше нотирано и при посетите на полициските станици во извештајниот период, како и одговорите од надлежните органи, од кои неспорно произлегуваа дека органите начелно ги прифаќаат нашите препораки, но во пракса не ги спроведуваат, особено ако нивната имплементација е поврзана со обезбедување на финансиски средства, што од аспект на мандатот на НПМ е неоправдано“, истакна Бајрамовска-Мустафа.