Села – Конечно од некаде требаше да се почне, треба да се продолжи со апсење на повисоки функционери нa ДУИ

0

 

Конечно од некаде требаше да се почне, рече претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села коментирајќи го апсењето на Државниот секретар во Министерството за информатичко општество Јахи Јахија. Тој истакна дека апсењата треба да продолжат и кај повисоките ешалони од власта, со кои управува ДУИ

-Не треба да има тука заштитени политички мечки, ако во целиот овој процес во враќање на правото и правдата немаше да има ниту еден поранешен бивш функционер на ДУИ да одговора, во тој случај Заев требаше да му го отстапи местото на Ахмети, тој би бил чист некорумпиран и неговите министри би биле некорумпирано, а тоа се разбира не е така. Се надевам дека нема да престане само со ова, и не треба да се случи само од третиот и од четвртиот ешалон да се апсат, туку треба да одговараа од владата , сите што имаа проблеми со законот треба да одговараат.

Села ги искоментира и бомбите на Ел Чека

-Треба да се отвори прашања колку ДУИ е влезен во судскиот ситем, и колку овој судски систем е заложник наАли Ахмети и ДУИ. Имајќи ја предвид оваа инсталација која ДУИ ја има создадено во судството сиве овие години, мислам дека тука е прашањето на одговорноста на функциониерите на ДУИ сегашни и поранешни, рече Села.

Алијансата за Албанците во седиштетето во Тетово одржува редовен состанок на централнотот претседателство на партијата, каде ќе се разговара за актуелните политички случувања во земјава