Стариот дел на Тетово тоне во смет

 

Речиси една недела од празникот Рамазан Бајрам стариот дел на Тетово тоне во смет. Таму не се подига отпадот.

Оваа еколошка катастрофа во овој дел на градот често се повторува. Во овие населби  нема поставено големи контејнери. Од ЈКП Тетово, велат дека поради тесните улички тука не можат да поминуваат големите камиони на претпријатието, затоа и не се поставуваат контејнерите. Ѓубрето се собира од помали корпи за отпадоци кои ги оставаат граѓаните пред нивните мала.

Но овој пат сметот од овие тетовски населби не е подигнат една недела.

Подолу се фотографиите кои ни ги испратија револтирнаи граѓани.