Таравари пак се жали од мнозинството во советот , вели го кочат функционирањето на општината

0

 

Градоначалникот на Општина Гостивар Арбен Таравари, тврди дека мнозинствотото на Советот на Општина Гостивар кое го сочинуваат ДУИ и СДСМ намерно не закажува седница за ребаланс на буџетот, чиј краен рок е 15 – ти јуни. Недонесувањето на ребалансот може да предизвика повеќе застои во функционирањето на општината.
-Ние веќе десет дена ги молиме да се стави на дневен ред ребалансот на буџетот, не велиме дека треба да се гласа треба да се дискутира за тоа, но тие и понатаму како пред две години ја кочат работата на општината, вели градоначалникот на Општина Гостивар Арбен Таравари.

Од Советот на Општина Гостивар, велат дека не станува збор за никакви опструкции.

– „Ние разговаравме со градоначалникот и тој инсистираше да се закаже седница на 6 или 7 јуни, што се покажа невозможно со оглед на тоа дека повеќе советници не се во Гостивар тие денови. Разгледуваме кој датум понатаму ќе одговара. Не вршиме никакви опструкции“, рече рече претседателот на советот на Општина Гостивар Насир Муслиу

Исто и пред две години имаше политички препукувања меѓу Таравари и мнозинството во советот кое го сочинуваат ДУИ и СДСМ, што на крај резултираше со недонесувањето на буџетот на општината, која мораше три месеци времено да се финансира.