Тетовчанец најпрво избодел момче, па повредил полицаец

0
110

Синоќа околу 22 часот во Тетово, полициски службеници го привеле Е.А. (31) од Тетово поради тоа што околу 20 часот на ул. „Кавкаска“, по претходна расправија, Е.А. со остар предмет му нанел повреди на Р.А. (28) од Тетово.

Р.А. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза “ во Скопје за укажување на помош.

При приведувањето, Е.А. дал отпор и физички нападнал полициски службеник. Е.А. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.