Димовски: Премиерот би го прашал кој му вети датум за преговори?

0
163

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на Телма телевизија во емисијата Вин Вин истакна дека треба да се расчисти тезата дека некој на некого му ветил, затоа што на премиерот никој ништо не му ветил, тоа е првото прашање кое би му го поставил на премиерот откако ќе се врати,вели Димовски.

Во однос на соопштението од германската канцеларка Меркел објасни пратеникот дека никогаш постапката на Бундестагот не сме знаеле како оди, во однос на гласањето за датум за преговори кој Европската унија го дава. Тој вели дека најсимптопатично било во соопштението на Меркел спомнувањето на Франција, во ситуација каде премиерот има средба само со Германија.

-Мене ми беше упатувачка порака дека Германија сепак не сака да превземе сама обврска дека овој процес ќе се заврши спомнувајќи го нејзиниот партнер Франција, вели пратеникот. Димовски праша што е тоа што Македонија не го направи, после таков позитивен бран на изјави од меѓународната заедница, што наеднаш стана проблем за добивање на датум за преговори. -Испаѓа дека за бадијала го сменивме името, што е тоа што создава проблем за меѓународната заедница да не се сигурни во давање на датум за преговори, вели Димовски.