ЦИВИЛ: Спортот треба да ги надминува етничките разлики, а не да ги разгорува

0
57

 

Од Центарот за слобода Цивил ги повикуваат сите граѓани и граѓанки да не потклекнуваат на провокации и мирно и достоинствено да го прослават враќањето на европските шампиони.

-Ги повикуваме ракометарите остро да го осудат секој обид за ширење на говор на омраза и насилство!Бараме од институциите да реагираат на време и да не дозволат уште една „прослава на омразата“! Да ги преземат сите мерки, да ги истражат овие случаи и итно да го санкционираат поттикнувањето на насилството и ширењето на меѓуетничка омраза.Ги повикуваме и охрабруваме граѓанките и граѓаните да ги пријават сите случаи на говор на омраза и дела од омраза.ЦИВИЛ најостро ги осудува сите форми на поттикнување на насилство, говор на омраза и предизвикување на меѓуетничка омраза.ЦИВИЛ и понатаму ќе го следи развојот на настаните поврзани со синоќешните инциденти. Неказнивоста на овие дела мора да запре засекогаш!, се вели во соопштението на ЦИВИЛ