Јанакиевски и уште седуммина осомничени добија притвор

0

Екс министерот Миле Јанакиески се враќа во затворот во Шутка.  Судија на претходна постапка му определи 30-дневен притвор по сослушувањето, нему и на уште 7 мина други осомничени мегу кои и Димитар Димовски, вработен во министерството за транспорт и член на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ и Дејан Митревски претседател на општински комитет на партијата  во Аеродром. За две осомничени Кривичниот суд определил мерки на претпазливост .

Новотворената истрага на обвинителството за организиран криминал се води за злоупотреби со отуѓување на градежно земјиште

„Постапувајќи по предлогот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Основниот кривичен суд во Скопје го прифати предлогот на Обвинителството и им определи мерка притвор на лицата: М. Ј., А. Ј., Е. Р., М. Ј., Д. Д., В. С., Д. М., и Л. С. На лицата Б.Д. и С.К. им определи мерки на претпазливост. За М.Ј. и Е.Р. се исполнети условите од точка 1 и 2 опасност од влијание, а за останатите осомничени, сите 3 точки“, информираат од судот