(Видео) Инспекторот Илиевски бара тетовскиот универзитет да ги разреши од академски звања функционерите на ДУИ Адеми, Нухиу и Емрули

0
179

 

Тетовскиот универзитет не ги примил решенија на вишиот инспектор Ѓорѓи Илиевски кој во месец април утврди дека Министерот за образование Арбер Адеми, заменик министерот за внатрешни работи Агим Нихиу и Сафет Емрули директор на државиот завод за индустриска сопственост незаконски се стекнале со академска звања во оваа образовна институција, објави Телма

Како што биле пратени по пошта така и се вратени вели Илиевски, кој денеска беше лично да им ги достави на управата на тетовски. Ако во рок од три недели не постапат согласно наведеното во решенија, ќе следуваат пријави истакна вишиот инспектор.

По надзорот на Илиевски, вонреден инспекциски надзор во однос на решенијата на тројцата функционери на ДУИ на шести месецов во тетовскиот универзитет имаат извршено директорот на државниот инспекторат и уште двајца инспектори. Тие утврдиле дека нема никакви неправилности.

Илиевски тврди дека во самиот нивен надзор има судир на интереси. Сите незаконски појави како што вели ги пријавил до Антикорупциска и владата од кои очекува да донесат правилна одлука.

Адеми, Нухиу и Емрули напредувале академски и се здобиле со високи звања на тетовски додека извршувале високи државни фунцкии, што е спротивно на законските прописи посочува вишиот инспектор Илиевски

https://youtu.be/CzCIDWzkpmk?t=2