Голема полициска акција утринава во Скопје, уапсени поранешни функционери

0
173

Поранешни високи функционери, административни службеници и лица кои вршат работи од јавен интерес се меѓу уапсените во големата полициска акција која ја спроведе МВР утринава во Скопје, објави „Фокус“. Оттаму од МВР дознаваат дека акцијата се спровела на неколку локации низ Скопје

По неколку месечна сеопфатна предистражна постапка, денеска по насоки на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се преземаат дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје“, велат од МВР.

Неофицијално уапсени се десетина лица, а по еден се трага. Уапсените во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.

Повеќе детали од акцијата МВР најавува во текот на денот.