Познати четвртфиналните дуели на Копа Америка

0
240

 

Ноќеска се одиграа последните два меча од групната фаза од Копа Америка, Уругвај го победи Чиле со 1-0, Еквадор и Јапонија одиграа без победник 1-1, по што се познати сите четвртфинални двобои.

Уругвај со гол на Кавани во 82. минута дојде до победа од 1-0 против Чиле и на првото место ја заврши групната фаза.

Јапонија со гол на Накајима во 15. минута имаше водство над Еквадор кој 20 минути подоцна преку Мена Делгадо го изедначи резултатот на 1-1.

Во четвртфиналето се пласираа првите две од секоја група, и најдобрите две третопласирани Перу и Парагвај. Извор 24фудбал

Четвртфинале:

Бразил – Парагвај

Венецуела – Аргентина

Колумбија – Чиле

Уругвај – Перу