Беса бара датум за избори, па преговори за СЈО

0
147

Беса бара прво датум за предвремени избори па потоа преговори за СЈО. Оттаму велат дека на чело на обвинителството треба да биде Албанец.

Движењето Беса има многу забелешки со неспроведувањето на договорот со Владата за време на уставните измени, како и Предлог-законот за јавното обвинителство и предложениот закон за попис на населението.

– Скандалозниот случај „Рекет” сериозно му наштети на кредибилитетот на Специјалното јавно обвинителство, нерешените случаи со владини претставници кои беа слушнати во некои аудиоснимки, и неуспехот да се добие покана за почеток на преговорите со ЕУ пред овие последователни скандали, дефинитвино укажува на слабостите на парламентарното мнозинство, што докажува дека ова власт нема капацитет но и политички кредибилитет да ја води оваа земја – изјави Арианит Хоџа од Беса.