Борисов за Илинден повторно во Скопје

0
176

Бугарскиот премиер Бојко Борисов во четврток, доаѓа во нашата држава за заедно со нашиот премиер Зоран Заев да се поклонат на гробот на Гоце Делчев по повод Илинден, јавува Независен.

Според информацијата во бугарските медиуми Борисов ќе присуствува само на церемонија во црквата Свети Спас и нема да присуствува на Мечкин Камен, а посетата ќе ја продолжи во Дојран каде што се наоѓа обновениот споменик на Константин Каварналиев.

Ова е вторпат Борисов да доаѓа на заедничка прослава на Илинден, и вторпат тоа да го прави ден порано и надвор од Мечкин Камен.