Борис Џонсон му спуштил телефон на Трамп оти мислел дека се русите што го зафркнаа Заев

0
230

Поранешниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон му спуштил на американскиот претседател Доналд Трамп, мислејќи дека станува збор за измама, откако веќе еднаш наседна и разговараше со руските комичари Вован и Лексус, кои вчера објавија разговори со македонскиот премиер Зоран Заев, пренесе СДК.

Минатиот месец, Џонсон примил повик од кабинетот на британската премиерка Тереза Меј и му било кажано дека ќе го поврзат со Трамп, но тој не поверувал, рекол дека овојпат нема да наседне и спуштил. Потоа, се јавил во кабинетот на Меј за да се осигура, но оттаму му рекле дека на линијата навистина бил американскиот претседател. Двајцата потоа се слушнале.