Државата дозволи колективен отстрел на диви свињи, како превентива од „африканска свинска чума“

0
140

Се зголемуваат мерките за заштита од африканска свинска чума. Министерството за земјоделство донесе решение за заловување на дивите свињи во земјава, како најчест преносител на болеста. Со оваа превентивна мерка ловната сезона започнува 60 дена порано од законски пропишаниот термин. Во земјава има околу 8.000 диви свињи. Но и покрај дозволеното заловување, дивечот нема да се сведе на биолошки минимум

Целта е со намалување на густината на популацијата на дивите свињи да се намалат и шансите за појава и ширење на оваа заразна болест. Министерството за земјоделство ќе предложи до Владата усвојување и на други мерки, како што се забрана за населување на дивата свиња во ловиштата и забрана за зимската прехрана на дивата свиња”, изјави Трајан Димковски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.