Крвава свадба вечерва Тетово – ранет и син на функционер од ДУИ

0
193

Инцидент се случил во вечерните часови на свадба во Тетово, а според извори на Алсат, еден од повредените се здобил со потешки рани од куршуми и истиот е однесен во клиниките во Скопје, додека вториот ранет е вон животна опасност и е задржан во болницата во Тетово, со полесни повреди.

Полицијата пристигнала на местото на настанот и го истражува случајот. Eдниот од повредените е син на пратеникот Џеват Адеми, Фисник Адеми додека вториот повреден, Ардијан Билали, е исто роднина на пратеникот. Сè уште не се знае кој пукал, бидејќи изворите зборуваат за истрели од повеќе лица во исто време за време на свадбената церемонија.