Едмонд Темелко ги загуби изборите во Пустец

0
236

 

Во тензична атмосфера, без учество на опозицијата денеска во Албанија се одржаа локалните избори каде дури во половина од вкупно 65 општини имаа по само еден кандидат за градоначалник, и тоа од коалицијата „Алијанса за европска Албанија“ предводена од владејачката Социјалистичка партија, поради што најмалку може да се оценат како плуралистички.

Според првичните неофицијални резултати кандидатот за градоначалник на општина Пустец од МАЕИ, Едмонд Темелко ги загуби изборите од неговиот противкандидат од социјалистичката партија Пали Колефски исто така Македонец од Мала Преспа.

Тресет и девет годишниот Колефски родум е од Пустец а живее во Корча, оженет е и татко на две деца. Тој е дипломиран економист и е вработен во Царинската испостава во Корча.

Тој на вчерашните локални избори освои 1.505 или 66,84 отсто од гласовите додека неговиот против кандидат Едмонд Вангел Темелко, од Македонска алијанса за европска интеграција, 859 гласови или 33,16 отсто. Инаку, Темелко со општина Пустец раководеше три мандати.