Изгоре куќа во тетовски Челопек, избегната поголема трагедија.

0
150

Претпладнево околу 11 20 минути тетовските пожанираки добиле повик дека гори куќа во тетовски Челопек.

-Ние веднаш тргнавме и целосно го локализиравме пожарот за околу 2 часа. Интервениравме со три противпожарни возила. Со нашата интервенција успеавме да спречиме пожарот да не се прошири во соседните објекти, кои беа залепени до сега веќе опожарената куќа. За среќа никој не е повреден , но причинета е значителна материјална штета. Изгорен е целосно покривот, покуќнината и практично е целсоно изгорен овој објект, рече командирот на ТППЕ Тетово Ука Алити.