Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски поднесе прекршочна пријава против Државниот универзитет во Тетово и ректорот Вулнет Амети.
Илиевски вели дека при редовниот инспекциски надзор утврдил дека тројца државни функционери – министерот за образование и наука Арбр Адеми, заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост Сафет Емрули незаконски напредувале во своите наставно-научни звања.