Мицкоски: На маса не е само законот за СЈО, тука се и предвремените избори

0

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за Алсат повтори дека преговорите за СЈО не одат подмачкано, потенцирајќи дека за договор нема амбиент, но истакна и дека на маса со СЈО е и барањето за предвремени избори.

Во овие услови вакви, какви што се, под политички прогон и терор, конструирани обвиненија, нарачани пресуди и прогонот што се прави врз ВМРО-ДПМНЕ, врз сегашни и поранешни функционери, едноставно нема амбиент. Не е само законот за ЈО на маса, сега на маса треба да се најде и темата кога предвремени парламентарни избори, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека ова што се случува во државата мора да заврши со предвремени парламентарни избори.

– Апелирам за разум, да се седне и да се повикаат пратеничките групи и да се организираат предвремени парламентарни избори. Граѓаните нека одлучат дали овие политики на политичари ќе ја добијат поддршката или ќе дојде некоја нова генерација на политичари, изјави Мицкоски.