Од почетокот на наредната година ќе започне да се гради пречистителна станица за отпадните води за Тетово. Објектот ќе се гради во близина на тетовско Фалише на локација на поранешна дива депонија.
Се планира овој проект целосно да заврши до 2022 година.
Локацијата каде ќе се гради станицата моментално се расчистува од отпад. Овие активности се очекува да завршат до декември годинава.
Проектот пречистителна станица ќе чини 30 милиони евра и истиот ќе се реализира со пари од ИПАРД програмата