На локација на поранешна дива депонија ќе се гради пречистителна станица за тетовските отпадни води

0
125

Од почетокот на наредната година ќе започне да се гради пречистителна станица за отпадните води за Тетово. Објектот ќе се гради во близина на тетовско Фалише на локација на поранешна дива депонија.

Се планира овој проект целосно да заврши до 2022 година.

Локацијата каде ќе се гради станицата моментално се расчистува од отпад. Овие активности се очекува да завршат до декември годинава.

Проектот пречистителна станица ќе чини 30 милиони евра и истиот ќе се реализира со пари од ИПАРД програмата