Нова фабрика во Економската зона во Тетово со 300 вработени

0
538

Глас Флекс е името на новата компанија која се очекува во октомври годинава да започне со работа во Технолошко-индустриската развојна зона Тетово. Компанијата е со македонско-холандски капитал. Се очекува тука да бидат вработени околу 300 лица со можност за проширување и зголемување на бројот на вработени

Министерот за економија, Крешник Бектеши најави дека во најкраток можен рок ќе се започне со изградба на пристапен пат на автопатот Тетово-Скопје до Технолошко-индустриската развојна зона Тетово.